понеделник, јули 6, 2026
Дома СКОПСКА Општина Кисела Вода и „Арно“ потпишаа меморандум за соработка

Општина Кисела Вода и „Арно“ потпишаа меморандум за соработка

2

Градоначалничката на Општина Кисела Вода,  Бети Стаменкоска -Трајкоска и претседателката на Здружението за социјални иновации „Арно“, Ирина Јаневска денеска потпишаа Меморандум за соработка, со што се продолжува и унапредува досегашното заедничко дејствување.

Од Општина Кисела Вода информираат дека овој документ претставува основа за континуирана соработка насочена кон унапредување на локалниот развој, поддршка на социјалното и зеленото претприемништво, како и имплементација на концептот на циркуларна економија.

-Преку реализација на заеднички иницијативи, едукативни програми и иновативни проекти, фокусот се става на јакнење на капацитетите на заедницата и креирање одржлив економски и општествен развој кој ќе донесе директни придобивки за граѓаните – соопштија од Општината.

Стаменкоска- Трајкоска  наведе дека со потпишувањето на овој меморандум со АРНО се отвораат нови можности за развој на проекти кои ќе донесат директни придобивки за граѓаните.

-Наш приоритет е да инвестираме во иновации, зелени политики, поддршка на претприемништвото и едукација, бидејќи токму тоа е патот кон поквалитетен живот и посилна локална економија. Верувам дека преку оваа соработка ќе реализираме бројни иницијативи кои ќе ја направат Кисела Вода пример за современа, одговорна и развојно ориентирана општина – изјави Стаменкоска – Трајкоска.

 

ИЗДВОЕНИ