четврток, октомври 8, 2026
Дома СКОПСКА Вандализиран е надземниот пешачки премин „Влајко“ – привремено ќе биде затворен за...

Вандализиран е надземниот пешачки премин „Влајко“ – привремено ќе биде затворен за користење/ФОТО

16
Фото:принтскрин, фб

Надземниот пешачки премин „Влајко“ е привремено затворен за користење поради настаната материјална штета и опасност од повреди, соопшти Општина Карпош.

Од општината информираат дека во текот на денот бил извршен нов вандалски чин врз објектот.

„Поради настанатата материјална штета и можноста од повреди на граѓаните, ве известуваме дека преминот привремено ќе биде затворен за користење“, стои во објавата на Општина Карпош.

Од Општината додаваат дека по завршувањето на санацијата, преминот повторно ќе биде пуштен во функција, за што јавноста дополнително ќе биде известена, а воедно побараа разбирање од граѓаните.

ИЗДВОЕНИ