недела, ноември 29, 2026
Дома СКОПСКА Зазеленет дворот на училиштето „Димитар Поп Георгиев – Беровски“

Зазеленет дворот на училиштето „Димитар Поп Георгиев – Беровски“

0

Училишниот двор на ООУ „Димитар Поп Георгиев – Беровски“ доби нова зелена убавина благодарение на заедничката акција на учениците, родителите и наставниците, кои со многу ентузијазам засадија нови дрвца.

-Особено е убаво кога најмладите се дел од вакви активности, кога со свои раце засадуваат дрвце и уште од мали учат дека природата е наше заедничко богатство за кое сите треба да се грижиме – истакнаа од Општина Ѓорче Петров, заблагодарувајќи им се на сите кои ја поддржаа и реализираа оваа прекрасна иницијатива.

-Со вакви мали, но значајни чекори, создаваме позелени училишни дворови, посреќни детски насмевки и поубава средина за генерациите што доаѓаат. Да продолжиме заедно да го негуваме зеленилото и љубовта кон природата – порачуваат од Општината.

ИЗДВОЕНИ