вторник, јуни 30, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Опасна неексплодирана граната пронајдена кај границата со Грција

Опасна неексплодирана граната пронајдена кај границата со Грција

10

Дирекцијата за  заштита и спасување (ДЗС) информира дека вчера била пронајдена артилериска граната од 75 милиметри од Првата светска војна во местото наречено „Ќупот“, југозападно од Гевгелија, во близина на државната граница со Грција. Станува збор за неексплодирано убојно средство, кое веднаш било обезбедено од надлежните служби.

Пиротехничарот од ДЗС, Ѓорѓи Стефанов, појасни дека гранатата е од типот топовски проектили од Првата светска војна и дека најверојатно се работи за испукана, но неексплодирана граната која останала активна. Според него и при најмал удар може да дојде до моментална експлозија, бидејќи станува збор за исклучително опасно убојно средство, со потенцијално смртоносно дејство во радиус од околу 150 метри.

Неексплодираната граната ќе биде безбедно транспортирана и уништена на армискиот полигон „Криволак“, согласно со протоколите за уништување на неексплодирани убојни средства (НУС).

Стојанче Ангелов, директор на ДЗС, апелира до граѓаните, во случај на пронаоѓање на сомнителни предмети што наликуваат на експлозивни средства, да не ги допираат и веднаш да пријават на бројот 112.

ИЗДВОЕНИ