петок, јуни 5, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Опаѓа бројот на превезени патници со автобус

Опаѓа бројот на превезени патници со автобус

45

Во вториот квартал годинава во патничкиот патен превоз превезени се 10.007.000 патници, што е намалување за 6,3% во однос на истиот квартал лани, објави Државниот завод за статистика.

Најголемо намалување од 27,7% има во меѓународниот превоз, по што следуваат градскиот превоз со пад од 10,6%, меѓуградскиот со 5,2%, како и приградскиот 3,5%.

Вкупниот број патничките километри во второто тримесечје од годинава е 256.889.000 и е зголемен за 19,3% во однос на истиот период од претходната година. Во градскиот превоз е зголемен за 35,4%, во приградскиот превоз за 9,1%, во меѓународниот за 32,5%, а намалување од 0,2%е регистрирано во меѓуградскиот превоз.

ИЗДВОЕНИ