четврток, август 6, 2026
Дома СКОПСКА Одржување на фонтаните во Карпош

Одржување на фонтаните во Карпош

1

Општина Карпош спроведе активности за санација, реконструкција и за редовно одржување на фонтаните на својата територија, со цел обезбедување нивна непречена, безбедна и ефикасна работа во текот на целата сезона.

Од Општината информираат дека биле реализирани активностите на фонтаните лоцирани на плоштадот „Делфина“ во Влае, кај детското игралиште во Карпош 3, плоштадот во Бардовци, како и во паркот спроти студентскиот дом „Гоце Делчев“.

 – Во изминатиот период беа реализирани повеќе интервенции на системите на фонтаните, при што беа извршени замена и сервисирање на прскалките, пумпите, како и на деловите од системите за филтрација и циркулација на водата. Дополнително, беа извршени проверка и оптимизација на работата на инсталациите, со цел подобрување на нивните функционалност, ефикасност и сигурност – соопштија од локалната самоуправа.

Оттаму додаваат дека со реализираните активности, Општината обезбедува квалитетно функционирање на фонтаните, подобар изглед на јавните простори и продолжување на работниот век на опремата преку навремено одржување и превентивно делување.

ИЗДВОЕНИ