вторник, септември 22, 2026
Дома СКОПСКА Општина Аеродром набави нова механизација

Општина Аеродром набави нова механизација

229

Општина Аеродром продолжува со инвестициите за подобрување на условите за работа на Јавното претпријатие, со набавка на нова механизација и работна опрема, чија вкупна вредност изнесува околу 2,5 милиони денари.

Во рамките на набавката е обезбедена современа механизација за косење, кастрење и одржување на зеленилото, и тоа тримери, моторни косилки, мулчери, телескопски пили и дувалки за лисја. Истовремено, за сите вработени во Јавното претпријатие се набавени нови работни униформи и заштитна опрема, со што значително се подобруваат безбедноста и условите за работа на терен.

Од Општината велат дека тоа ќе придонесе за поефикасно и поквалитетно одржување на јавните зелени и јавни површини.

– Грижата за јавните површини почнува со грижата за луѓето што секојдневно работат на нивно одржување. Со оваа инвестиција обезбедуваме современа опрема и подобри услови за работа, што директно ќе се одрази врз квалитетот и ефикасноста на услугите што ги добиваат граѓаните. Ќе продолжиме да инвестираме во модернизација на Јавното претпријатие и во јакнење на неговите капацитети, затоа што чиста, уредена и зелена општина е наш приоритет – истакна градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, на промоцијата на новата механизација.

ИЗДВОЕНИ