четврток, ноември 5, 2026
Дома СКОПСКА Скопје добива две нови средни училишта: Обезбедени пари за изградба на „Кочо...

Скопје добива две нови средни училишта: Обезбедени пари за изградба на „Кочо Рацин“ и „Браќа Миладиновци“

8

Две нови средни училишта во општините Ѓорче Петров и Кисела Вода ќе се градат на територија на Град Скопје. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски вели дека пари за изградба се обезбедени со ребалансот на буџетот.

Денес, со усвојувањето на ребалансот на буџетот на Град Скопје, обезбедуваме средства за изградба на две целосно нови средни училишта „Кочо Рацин“ во општина Ѓорче Петров и „Браќа Миладиновци“ во Драчево, општина Кисела Вода. Двете училишта ќе ги градиме со сопствени средства на Град Скопје! Предолго учениците во овие училишта се образоваа во крајно несоодветни услови. Предолго наставниците пренесуваа знаење во простории што не одговараат на потребите на современото образование. Затоа, преземаме обврска да изградиме целосно нови училишта, достојни за нашите деца и за нивните наставници!, напиша Ѓорѓиевски на Фејсбук.

Изградбата на училиштата, вели дека се дел од неговата предизборна програма.

ИЗДВОЕНИ