EPA/Beate Oma Dahle NORWAY OUT

Ракометарот на норвешката репрезентација и освојувач на сребрен медал на Светското првенство во 2017 година, Кент Робин Тонесен, поминал низ вистински пекол ова лето, во Хрватска. Десниот бек на Фленсбург бил на одмор на јадранскиот брег, а потоа речиси ќе го загубел видот. Тој почувствувал силна болка кај десното око. Веднаш отишол на лекар, но му било кажано дека не е ништо сериозно. Веќе следниот ден клубот реагирал и побарал итно да се врати на далечниот север од Германија. Тоа на крајот му ги спасило видот и кариерата.

Лекарите веднаш му дијагностицирале херпес зостер – вирус што го зафаќа пределот на очите – и постоел сериозен ризик од губење на видот. Сепак, успеа да заздрави, но ќе мора малку да почека пред да се врати на теренот.

– Никогаш порано не сум доживеал таква болка. По првиот тренинг се чувствував како да ме „погодило“ двонеделно воспаление на мускулите – рече тој.

Норвежанецот, роден во Шведска, играше во неколку тима во Норвешка, па се пресели во шведски Савехоф. Потоа се етаблираше во Бундес блигата, во дресот на Вецлар и на Фихсе Берлин, па помина шест години во Унгарија, прво во Вепсрем, а потоа во Пик Сегед. Играше две години во Пари Сен Жермен пред да дојде во Фленсбург. Сега, без него на почетокот од оваа сезона, Никлас Киркелоке е единствениот десен бек во тимот на Алеш Пајовиќ.

 

ИЗДВОЕНИ