недела, ноември 1, 2026
Дома СПОРТ РАКОМЕТ Вардар го растури Еурофарм Пелистер

Вардар го растури Еурофарм Пелистер

0

Најтрофејниот македонски ракометен клуб Вардар го доби првиот дерби натпревар против Еурофарм Пелистер оваа сезона со 31:23 (15:12). Тимот предводен од тренерот Иван Чупиќ виде мака само во првото полувреме кога пелистерци парираа и се држеа близу, но во вториот дел шампионот ја демонстрира силата и стигна до висок триумф.

 

Најефикасен играч на средбата беше Филип Кузмановски со девет голови, додека кај Вардар „седум од седум“ имаше Леон Љевар, а одличен беше и Жоао Педро да Силва со шест погодоци.

ИЗДВОЕНИ