Кој ни го „билда“ индустрискиот раст? Одговорот во последните податоци на Државниот завод за статистика е прилично јасен. Според Државниот завод за статистика, најголемо влијание имаат производството на прехранбени производи, со раст од 2,3 проценти, производството на метали со 7,3 проценти и производството на машини и уреди со раст од 1,9 проценти.

Прометот во индустријата во јули 2026 година бил зголемен за 2,7 проценти во однос на тој месец лани. Според главните индустриски групи, најголем пораст има кај нетрајните производи за широка потрошувачка, каде што е зголемен прометот за 11,7 проценти. Кај интермедијарните производи, освен енергијата, растот изнесува 6,2 проценти.

Но, сликата не е целосно позитивна. Кај капиталните производи, прометот е намален за 6,3 проценти, додека кај трајните производи за широка потрошувачка има пад од 2,9 проценти. Дополнително, на месечно ниво има значително намалување. Во јули, во споредба со јуни 2026 година, вкупниот промет во индустријата бил намален за 8,5 проценти.

Сепак, кумулативните податоци за првите седум месеци покажуваат раст. Во периодот јануари – јули 2026 година, индустрискиот промет бил зголемен за 2,3 проценти во однос на тој период лани. Домашниот пазар има уште поизразен раст. Во јули, прометот на домашниот пазар бил зголемен за 8,5 проценти на годишно ниво, додека во првите седум месеци растот изнесувал 3,8 проценти.

Има раст и на странските пазари, но со поскромна динамика. Во јули, индустрискиот промет на странските пазари бил зголемен за 1,9 проценти во однос на јули 2025 година, додека во периодот јануари – јули растот изнесувал 2,2 проценти.

ИЗДВОЕНИ