четврток, ноември 19, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Одложен тендерот за набавка на мазут за ТЕЦ „Неготино“

Одложен тендерот за набавка на мазут за ТЕЦ „Неготино“

0

Понудите за набавка на околу 45.000 тони мазут за потребите на ТЕЦ „Неготино“ ќе бидат отворени на 24 ноември. АД ЕСМ го продолжи рокот по барање на заинтересирана компанија, која побарала дополнително време за подготовка на документацијата.

За набавката се предвидени 2,6 милијарди денари, односно околу 42,6 милиони евра со вклучен ДДВ. Планирано е во првиот месец да бидат испорачани 20.000 тони, а во вториот уште 25.000 тони мазут. Количините може да се менуваат во зависност од потребите на ЕСМ.

Единствен критериум за избор на набавувач ќе биде најниската цена, а испораката треба да почне најдоцна 48 часа по добивањето на писмената нарачка.

ТЕЦ „Неготино“ има инсталиран капацитет од 210 мегавати, но не произведувала електрична енергија во 2024 и 2025 година. Засега не е познато кога ќе биде повторно ставена во функција, ниту колку струја ќе произведува.

ИЗДВОЕНИ