Националниот конзерваторски центар – Скопје се вклучува со својот стручен ангажман во реализацијата на проектот од стратегиско инфраструктурно значење за Јавното претпријатие за железничка инфраструктура „Железници на Република Македонија“ – Скопје, кој се однесува на изградбата на железничката пруга на Коридорот 8, на делницата Бељаковце – Крива Паланка.
Под раководство на м-р Марина Шојлева, археолог – виш конзерватор, повеќечлена стручна екипа од Националниот конзерваторски центар спроведува стручен археолошки теренски увид долж железничката траса со пристапни патишта. Активностите се насочени кон утврдување и евидентирање на евентуалното постоење археолошки локалитети и културни добра, со цел нивна навремена заштита во рамките на реализацијата на овој стратегиски инфраструктурен проект.
Меѓу двете институции постои долгогодишна соработка, која датира уште од втората половина на XX век, што претставува основа за продолжување на заедничките активности во областа на истражувањето и заштитата на културното наследство.












