четврток, ноември 19, 2026
Дома СКОПСКА Искршените плочки на влезот во Чаршијата се заменуваат со травертински

Искршените плочки на влезот во Чаршијата се заменуваат со травертински

1

По години негрижа, се заменуваат искршените плочки на влезот во старата Скопска чаршија со нови од травертин.

Скопскиот градоначалник, Орце Ѓорѓиевски, наведе дека со оваа санација се решава конкретен проблем за дуќанџиите, скопјани и посетителите. Како што информираше, оваа активност се спроведува на барање на граѓаните кои укажале на тоа дека првата глетка што ги пречекува скопјани и илјадниците туристи треба да биде достојна за местото во кое влегуваат .

– Чаршијата им ја должиме на генерациите мајстори што секое утро ги отворале дуќаните и со своите раце му давале живот на Скопје. Чаршијата е живата историја на Скопје. Tаа e eден од симболите на градот и едно од првите места што ги посетуваат туристите кога ќе дојдат во нашиот град. Затоа е важно самиот влез да биде уреден и достоен. Наша одговорност е Чаршијата да ја чуваме за нивните внуци и за нашите деца – истакна Ѓорѓиевски.

ИЗДВОЕНИ