На плоштадот „Шандор Петефи“ во Драчево, Општина Кисела Вода, заедно со амбасадорот на Унгарија, Н. Е. Андраш Клајн и здружението „Теледом“, го одбележа 15 Март – унгарскиот национален празник и траен симбол на револуцијата од 1848 година и борбата за слобода.
– Иако нашите две земји не делат заедничка граница, ние споделуваме нешто многу посилно: континуирана соработка, долгогодишно пријателство и заемно почитување. Општина Кисела Вода е особено горда што претставува активна алка во тоа поврзување, негувајќи ги односите со унгарскиот народ и неговите институции. Овој настан е доказ дека вистинските мостови меѓу државите се градат токму преку негувањето на заедничките вредности на локално ниво – соопштија од Општина Кисела Вода.
Оттаму додаваат дека најдобрата потврда за оваа соработка се најмладите ученици од сите основни училишта во Кисела Вода, преку проектот „Запознај ја Унгарија“, кои, како што велат, покажале исклучителна зрелост.
–Тие твореа на сериозни историски теми за унгарската држава, докажувајќи дека запознавањето на туѓата историја е најсигурниот пат кон меѓусебно разбирање – нагласуваат од локалната самоуправа.
Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска-Трајкоска, упати честитки до сите наградени ученици, како и до нивните ментори.












