сабота, јуни 6, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Од вкупно 26 регистрирани пожари на отворен простор низ земјава, четири се...

Од вкупно 26 регистрирани пожари на отворен простор низ земјава, четири се се уште активни

106

До 21:00 часот низ земјава евидентирани се вкупно 26 пожари на отворен простор, од кои: активни се четири, изгаснати се 21, а еден пожарите е под контрола.

Активни пожари (4)

Општина Македонски Брод – ПП Јасен (мешана шума).

Општина Липково – с. Лојане кон с. Миратовце (ниска вегетација и стрниште).

Општина Куманово – с. Табановце и с. Сопот, место викано Сланиште (ниска вегетација и стрниште).

Општина Куманово – с. Проевце, место викано Живкова Карпа (ниска вегетација).

Под контрола (1)

Општина Јегуновце – помеѓу селата Рогачево, Јажинце и Долно Орашје (пасишта и мешана шума).

Изгаснати пожари (21)

Општина Штип – ул. Вељко Влаховиќ бр. 1 (ниска вегетација).

Општина Бутел – с. Љубанци (ниска вегетација).

Општина Бутел – с. Љубанци (ниска вегетација).

Општина Куманово – населба Диво Насеље (ниска вегетација).

Општина Куманово – с. Романовце (ниска вегетација и стрниште).

Општина Куманово – с. Слупчане (ниска вегетација).

Општина Валандово – с. Јосифово (ниска вегетација).

Општина Гевгелија – с. Богородица (депонија и ниска вегетација).

Општина Струмица – с. Дабиле (ниска вегетација).

Општина Струмица – с. Моноспитово (депонија).

Општина Струмица – с. Просениково (ѓубриште).

Општина Лозово – с. Бекирлија (нискостеблеста деградирана шума).

Општина Долнени – помеѓу селата Лажани и Кошино (ниска вегетација).

Општина Могила – с. Логоварди и с. Карамани (ниска вегетација и ѓубре).

Општина Тетово – с. Бродец (ниска вегетација).

Општина Тетово – населба Дреновец (мешана шума и ѓубре).

Општина Теарце – с. Нераште (ниска вегетација).

Општина Гостивар – с. Речане (ниска вегетација и ѓубре).

Општина Липково – с. Слупчане (ниска вегетација и борова шума).

Општина Чашка – помеѓу селата Согле и Богомила (нискостеблеста деградирана шума).

Општина Старо Нагоричане – с. Драгоманце (запалени неколку дрвја).

ИЗДВОЕНИ