петок, септември 11, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Од ова сите стравуваат! Цените на храната вртоглаво ќе пораснат

Од ова сите стравуваат! Цените на храната вртоглаво ќе пораснат

28

Тим американски научници од Универзитетот Тулејн и МИТ објави во списанието „Earth’s Future“ студија за проценка на глобалната безбедност на ресурсите до 2050 година. Со сеопфатен компјутерски модел тие анализираа 3.735 хипотетички сценарија за да утврдат на кој начин растот на населението, притисокот врз ресурсите и мерките за декарбонизација ќе влијаат врз достапноста на храната, енергијата и водата во 32 геополитички региони.

Резултатите од моделирањето покажаа дека до средината на векот најсиромашните 10 проценти од жителите во западна, источна и јужна Африка би можеле да трошат речиси половина од своите приходи исклучително за храна.

„Сè што одзема половина од вашите приходи може да биде дестабилизирачко за целиот ваш живот бидејќи остава многу малку ресурси за останатите критични потреби и основни животни поттреби“, објаснува енергетичарката Џенифер Морис од МИТ.

Раст на трошоците и во другите сектори

Моделот „Global Change Analysis Model“ (GCAM) го дели населението на секој регион на 10 доходни групи. Анализата откри изразени нееднаквости.

Додека најсиромашните жители на јужна Африка до 2050 година за храна би морале да издвојуваат 49,6 проценти од приходите, најбогатиот слој во тој регион би издвојувал само 5,5 проценти.

Слично на тоа, во западна Африка уделот од приходите што најсиромашните жители би морале да го издвојуваат за храна се движи од 18,5 до 77,5 проценти, додека регионалниот просек се движи помеѓу 5,4 и 24 проценти.

Главните причини за високите цени на храната се ниските регионални приходи и наменувањето на земјиштето за мерки за ублажување на климатските промени, како што се пошумувањето и одгледувањето биогорива.

„Оваа студија покажува дека не суштествува само една причина за идната несигурност за храна, енергија и вода“, истакнува главниот автор на студијата Џи Џу Ким од Универзитетот Тулејн во Њу Орлеанс.

„Приходот е важен, но регионалните услови, користењето на земјиштето, енергетските системи, достапноста на водата и однесувањето на потрошувачите ги обликуваат ризиците со кои се соочуваат луѓето.“

Освен храната, проекциите укажуваат и на раст на трошоците во сите други сектори. На Блискиот Исток и во јужна Африка се очекува значително зголемување на трошоците за енергија поради големата побарувачка за ладење на домаќинствата и потпирањето врз фосилни горива.

Истовремено, забрзаниот развој и интензивното црпење на подземните води во јужна Азија, на Блискиот Исток и во северна Африка би можеле да предизвикаат сериозен недостиг на вода.

ИЗДВОЕНИ