четврток, јуни 4, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Од Дубаи евакуирани 150 патници, утре лет од Ријад

Од Дубаи евакуирани 150 патници, утре лет од Ријад

50

Со денешниот лет од Дубаи се евакуирани вкупно 150 патници, од кои 125 македонски државјани, 7 државјани на Србија, 11 државјани на Косово, 2 државјани на Босна и Херцеговина, 2 државјани на Албанија, 1 државјанин на Германија, 1 државјанин на Ерменија и 1 државјанин на Црна Гора, информира Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.

Оттаму соопштија дека во Обединетите Арапски Емирати остануваат околу 200 македонски државјани кои првично се пријавиле за евакуација, но според нивните изјави во овој момент не изразуваат подготвеност да ја реализираат.

Авионот од Дубаи се очекува да слета на Меѓународниот аеродром Скопје околу 20:00 часот по локално време.

Во однос на евакуацијата од Ријад, која е планирана за утре, од МНР информираа дека се пријавени вкупно 153 патници кои ќе полетаат од Riyadh – King Khaled International Airport. Од нив, 9 се од Саудиска Арабија, 15 од Бахреин, 96 од Катар и 33 од Кувајт.

-Имајќи предвид дека нашата земја нема склучено договор за воздушен сообраќај со Кралството Саудиска Арабија, предвидено е авионот да слета на аеродромот во Приштина, по што ќе биде организиран превоз за патниците до Скопје. Напоменуваме дека целата организација на летовите, вклучително и сите поврзани трошоци, е покриена од страна на Владата преку Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, стои во соопштението од македонското МНРНТ.

ИЗДВОЕНИ