четврток, јуни 4, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Уапсен професор од скопско средно училиште, барал да има полови односи со...

Уапсен професор од скопско средно училиште, барал да има полови односи со ученичка

146

Уапсен е 52-годишен професор од скопско средно училиште поради вознемирување на ученичка од која барал да имаат полови односи.

– На 09.03.2026 во 17:30 часот, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода 52-годишен маж од Скопје, наставник во средно училиште на подрачје на Центар, постапувајќи по претходна пријава дека во периодот од 25.02.2026 до 02.03.2026 вознемирувал 18-годишна ученичка и барал од неа да имаат полови односи, потврдија од полицијата за овој случај.

По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава, известуваат надлежните.

ИЗДВОЕНИ