Апелацискиот суд во Скопје одржува јавна седница на која се разгледуваат жалбите за пресудата во случајот со грабнувањата и свирепите убиства на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски.
Во судницата се обвинетите Велибор Манев, Љупчо Палевски, Боре Видевски и Влатко Кешишев. Откако кажа дека се чувствува како заложник по жалбата на обвинителството, таткото на Вања, Александар Ѓорчевски замина од судницата со дозвола на судиите бидејќи од здравствени причини не може да седи на јавната седница.
Неговиот адвокат Владимир Туфеѓчиќ како одговор на жалбата против ослободителната пресуда за Александар кажа дека е преседан на ЈО тоа што нема доказ за комуникација меѓу таткото и обвинетите. “Преседан и факт е дека да имало и еден промил доказ за негово учество сигурен сум дека одлуката на судот би била поинаква. Предлагам да не се прифтаи жалбата на ЈО . Ова е оправдување зошто немале можност да најдат доказ”, кажа бранителот.
Претходно вишиот обвинител Дарко Јакимовски ја образложи жалбата.
“Судот не се впуштил во коментар на доказите против Ѓорчевски и за она што му се става на товар. Пресудата нема анализа на доказите. Од неговата улога за првиот неуспешен обид за грабнување па се до вистинското грабнување. Ако анализирате ќе забелеежите се до неделата нема договор дека ќе се случи во понеделник.Кога е донесена одлуката вечерта Палевски ги повикува останатите. Александар ги советува децата да се облечат убаво ќе било утрото студено. Не се работи за нејаснотии судот бил должен да каже дека фактите се надополнуваат. Да не заборавиме семејството се приклучува на кривичен прогон , улогата на судот спрема семејството е да ја расчисти неговата улога”, кажа обвинителот.
Во моментов останатите обвинети ја образложуваат жалбата на пресудата доживотен затвор. (П. А.)












