сабота, ноември 7, 2026
Дома СКОПСКА Обука на вработените во градинките во Центар за рана детска интервенција

Обука на вработените во градинките во Центар за рана детска интервенција

20

Општина Центар, во соработка со Сојузот на специјални едукатори и рехабилитатори, е првата општина во државата што на организиран начин спроведува обука на воспитно-згрижувачкиот кадар и на стручните служби во детските градинки за рана детска интервенција.

Преку проектот на СОРИД, наменет за деца до шестгодишна возраст, се нуди поддршка за рана интервенција, како и поддршка на семејствата. За сите родители што сакаат да се вклучат, се прави индивидуална процена на детето и на потребите на семејството, по што се изготвува индивидуален семеен план за поддршка (ИСПП), со континуирана поддршка од стручно лице.

– Oваа обука ја спроведуваат стручни лица во нашите градинки. Крајна цел е вработените да создаваат поттикнувачка средина за децата, да знаат како да ги препознаат тешкотиите во нивниот развој и навремено да ги информираат родителите за да им се даде соодветна помош на оние на кои им е потребна – изјави градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.

 

 

ИЗДВОЕНИ