Сопственикот на Панатинаикос, Димитрис Јанакопулос, повторно упати големи пофалби за српскиот тренер Жељко Обрадовиќ, истакнувајќи дека неговата работа остава силен впечаток и дека начинот на кој се гради тимот е пример за иднината на кошарката.

Панатинаикос оствари убедлива победа во Евролигата против Фенербахче со 92:74, во натпревар во кој целосно ја контролираше играта и не му дозволи на противникот сериозно да се врати во мечот. Јанакопулос го следеше дуелот од место покрај теренот, а по триумфот не ги криеше емоциите и воодушевувањето од прикажаното.

  • Вистинско задоволство е да се гледа како се гради нешто толку големо – нешто поради што вреди да се седи покрај теренот, без оглед на околностите, напиша првиот човек на атинскиот клуб.

Јанакопулос смета дека оваа сезона ќе остане посебна за сите во клубот, независно од конечните резултати. Според него, атмосферата и работата во тимот се причина за гордост, а досегашните случувања се нешто што навивачите и луѓето во клубот долго ќе го паметат.

  • Верувам дека ова е најздравата организација што постои, а оваа година – без оглед на конечните резултати – ќе биде сезона за која ќе им раскажуваме на нашите внуци, сезона од која ќе се ежиме, порача Јанакопулос.

Тој посебно го истакна и влијанието на Обрадовиќ, за кого смета дека има визија што може да го обликува развојот на кошарката во годините што следуваат.

  • Обрадовиќ нè учи како ќе се игра кошарка во наредните 10 години, заклучи сопственикот на Панатинаикос.

Следниот предизвик за атинскиот тим е гостувањето во Белград против Партизан.

ИЗДВОЕНИ