Димитрис Јанакопулос откри дека Жељко Обрадовиќ има целосна слобода да го креира тимот на Панатинаикос. Во поткастот „Евроинсајдерс“, тој зборуваше со огромно почитување за српскиот стратег, со кого неговото семејство има врска уште од периодот кога првпат го водеше ПАО.
- Бев со него 13 години, а потоа уште 13 години одржувавме врска. Тој секогаш прв добиваше покана за турнирот „Павлос Јанакопулос“ – рече сопственикот на Панатинаикос.
Тој призна дека Обрадовиќ му е исклучително важен и лично.
- Тој е во моето срце, секогаш и засекогаш. Погледнав, имаме 18 или 19 играчи, ќе бидеме фудбалски тим некое време. Но, ако сака Жељко да промени сè, може да го направи тоа – порача Јанакопулос.
Со оваа изјава, тој јасно покажа дека би му дал одврзани раце на Обрадовиќ за составот и за спортскиот сектор, што е уште еден доказ за огромната доверба во него.











