Општина Карпош спроведе акција за обнова и уредување на постојната урбана опрема во паркчето пред зградата на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“, број 147.
Од Општина Карпош велат дека целосно се заменети дотраените дрвени штици на клупите, додека масата е освежена и повторно бојадисана, со што просторот добил поуреден и естетски изглед.
– Паркчето е простор што го користат жителите за одмор, релаксација и за соседски дружења, па одржувањето на ваквите јавни површини е од особено значење за квалитетот на секојдневното живеење. Општина Карпош продолжува континуирано да вложува во одржувањето, обновувањето и во унапредувањето на урбаната опрема, како и во поставувањето нова опрема, согласно со потребите и приоритетите на граѓаните – соопштија од локалната самоуправа, нагласувајќи дека заедничката грижа за јавните простори придонесува за уреден, функционален и пријатен Карпош.












