Организацискиот одбор на годинешното дванаесетто издание на Меѓународниот поетски фестивал „Литературни искри 2026“ ги објави имињата на финалистите кои ќе конкурираат за традиционалните награди. Според тричлената жири-комисија составена од Бранко Цветкоски, Габриела Петроска и Гордана Страшевска, од вкупно 173 пристигнати регуларни пријави од Македонија, Србија, Босна

и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска и Романија во две возрасни категории, годинава финалисти се Далибор Стојанов, с. Прибачево, Кочани; Катерина Момева, Битола; Марија Чолакова, с. Секирник, Струмица; Игор Поп Трајков, Скопје; Душан Стојковиќ, Грделица, Србија; Лидија Размоска-Тримовска, Скопје; Софија Стојанова,Струмица; Мирослав Трајковски, Скопје; Шериф Селами, Тетово; Ана Илијоска Богиќ, Белград, Србија; Тадеј Велјаноски, Прилеп; Наталија Наумовска, Скопје. Тие номинирани за наградите: Гран при, прва, втора и трета награда, Награда за најдобар странски автор и Најуспешна млада поетска искра.

Вчера, на фејсбук-страницата на Фестивалот, беа објавени и авторите поети кои ќе бидат застапени во заедничката поетска збирка која се издава во склоп на фестивалот.

-Поезијата секогаш наоѓа начин да нè допре, да нè обедини и да нè потсети на убавината на зборот. Благодарна сум за можноста да прочитам толку многу талентирани творби и да бидам дел од една ваква инспиративна приказна, напиша во честитката до избраните м-р Гордана Страшевска професорка по македонски јазик и член на комисијата.

Меѓународниот поетски фестивал „Литературни Искри” се одржува во чест на Денот на сесловенските просветители Кирил и Методиј – 24 Мај.

Фестивалот „Литературни искри“ е поддржан финансиски од Министерството за култура и туризам.

ИЗДВОЕНИ