петок, септември 25, 2026
Дома БАЛКАН Нови протести во Приштина против пресудата за поранешните лидери на ОВК

Нови протести во Приштина против пресудата за поранешните лидери на ОВК

13
Фото: EPA/GEORGI LICOVSKI

Денеска, Од 15:00 часот, во повеќето општини во Косово се одржуваат протести на ветераните на ОВК и на граѓаните.

Учесниците носеа транспаренти со натписи „Не во мое име“ и „Слободата има име“, како и знамиња на Косово и на ОВК.
Повикот на ветераните денес беше поддржан и од Демократската партија на Косово, која ги повика граѓаните да се приклучат на протестите во општините и во Приштина.

Во недела, на 27 септември, во 14:00 часот, на плоштадот „Скендербег“ во Скопје ќе се одржи протестен марш за поддршка на поранешните лидери на ОВК осудени во Хаг.

Маршот беше најавен од организацискиот одбор на протестот, кој ги повика албанските политички партии, семејствата на загинатите борци, ветераните, студентите, академиците, уметниците, граѓанското општество и граѓаните да се приклучат на настанот.

Во меѓувреме, Собранието на општина Приштина – по примерот на неколку други општини – усвои декларација насловена „Не во мое име“ и „Правда за ОВК и заштита на нашата историја“.

На 16 септември, Специјализираните совети на Косово во Хаг, во првостепена постапка, ги осудија Хашим Тачи и Јакуп Красниќи на по 25 години затвор, Кадри Весели на 18 години, а Реџеп Селими на 13 години затвор. Тие беа осудени за воени злосторства, вклучувајќи незаконско или произволно лишување од слобода, сурово постапување, тортура и незаконски убиства, пренесе „Бета“.

ИЗДВОЕНИ