петок, септември 25, 2026
Дома СВЕТ „Ројтерс“: Иран нема да покаже флексибилност во врска со својата нуклеарна програма

„Ројтерс“: Иран нема да покаже флексибилност во врска со својата нуклеарна програма

12

Иран нема да покаже никаква флексибилност во однос на својата нуклеарна програма, дури и ако Соединетите Држави го прифатат предлогот на Иран за повторно отворање на теснецот Хормуз, објави денеска „Ројтерс“, повикувајќи се на неименуван висок ирански функционер.

Според функционерот, теснецот Хормуз ќе остане затворен сè додека САД не ги „исполнат сите ирански услови“, кои вклучуваат укинување на американската поморска блокада на иранските пристаништа.

Според предлогот што Иран им го понуди на САД, теснецот Хормуз би се отворил доколку во рок од седум дена престанат сите непријателства на сите фронтови – вклучително и во Либан – и доколку САД ја укинат блокадата на иранските пристаништа, ги одмрзнат запленетите ирански средства и ги укинат санкциите за иранската нафта, пренесе „Танјуг“.

ИЗДВОЕНИ