четврток, ноември 19, 2026
Дома МАГАЗИН Новак Ѓоковиќ покрај Де Ниро во најновото продолжение на Фокерови“/ВИДЕО

Новак Ѓоковиќ покрај Де Ниро во најновото продолжение на Фокерови“/ВИДЕО

1
screenshot Youtube

Овој ноември, публиката ја очекува посебно филмско изненадување. Новак Ѓоковиќ ќе се појави во најновото продолжение на глобално популарната комедија, Focker In-Law, кое пристигнува во кината на 25 ноември 2026 година.

Светски познатата тениска легенда се приклучува кон импресивната актерска екипа предводена од Роберт Де Ниро, Бен Стилер, Аријана Гранде, Овен Вилсон, Блајт Данер и Тери Поло.

Со рекет во рака и насмевка на лицето, Новак Ѓоковиќ го прави своето деби на големото платно. Со сцена во која се појавува покрај брилијантниот комичар Овен Вилсон, специјалното гостување на Ѓоковиќ ќе биде еден од главните моменти во ова ново продолжение на култниот филмски серијал.

Ова најново продолжение на омилената франшиза го враќа семејството Фокер на големото платно, повторно втурнувајќи ги нивните животи во вител од семејни недоразбирања, судири меѓу генерациите и урнебесни ситуации. Овојпат, приказната се фокусира на Хенри Фокер – синот на Грег и Пем Фокер – кој одлучува да се ожени со силната, успешна и самоуверена Оливија (Аријана Гранде), што предизвикува нова серија комични компликации и непријатни средби.

Сценариото и режијата се дело на Џон Хамбург, сценарист и продуцент кој работел и на претходните делови од серијалот. Продуценти на филмот се Џејн Розентал, Роберт Де Ниро, Бен Стилер, Џон Лешер, Џеј Роуч и Џон Хамбург. Од премиерата на филмот „Запознај ги родителите“ (Meet the Parents) во 2000 година, овој серијал освои милиони гледачи ширум светот и стана една од најуспешните комедиски франшизи на модерното време.

Враќањето на омилените ликови, новите имиња во актерската екипа предводени од Аријана Гранде, како и специјалното појавување на Новак Ѓоковиќ, го прават филмот Meet the Fockers: Here Comes the Daughter-in-Law една од најочекуваните комедии оваа година.

Филмот Meet the Fockers: Here Comes the Daughter-in-Law пристигнува во кината на 25 ноември.

ИЗДВОЕНИ