Почна реконструкцијата на кракот „38“ на улицата „Македонско-косовска бригада“ во Шуто Оризари.
Скопскиот градоначалник, Орце Ѓорѓиевски, информира дека механизацијата е на терен и дека по целата должина на улицата ќе биде поставен нов асфалт за, како што истакна, семејствата од ова маало, конечно, да добијат уредена улица каква што одамна заслужуваат.
– Граѓаните ми кажаа дека ретко кој дотогаш дошол во ова маало да ги праша што им е најпотребно. Со децении чекале некој да го реконструира овој дел од улицата – изјави Ѓорѓиевски.












