недела, август 23, 2026
Дома СКОПСКА Нова водоводна мрежа на улица „Речиште 1“ во Драчево

Нова водоводна мрежа на улица „Речиште 1“ во Драчево

26

Општина Кисела Вода почна со изградба на нова водоводна мрежа на улицата „Речиште“ во Драчево.

Во рамките на овој инфраструктурен проект, чија реализација е целосно финансирана од Општина Кисела Вода, се поставуваат нови водоводни цевки во должина од 310 метри. Дополнително, општината ги покрива и трошоците за изведба на приклучоци за водомери, со што домаќинствата од овој дел на општината добиваат сигурно и стандардизирано водоснабдување.

Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска – Трајкоска истакна дека со овој зафат се решава горлив проблем, бидејќи, како што кажа, недостигот на основна водоводна инфраструктура не смее да биде дел од денешницата.

-Семејствата од овој дел на општината добиваат соодветен пристап до вода за пиење и нови приклучоци за водомери. Општина Кисела Вода со реализацијата на овој проект ја потврдува стратешката определба за инвестирање во решенија кои суштински го унапредуваат секојдневието на граѓаните-изјави Стаменкоска – Трајкоска.

 

ИЗДВОЕНИ