четврток, октомври 29, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Нова ознака за банкарските сметки oд 1 ноември

Нова ознака за банкарските сметки oд 1 ноември

27

Од 1 ноември, платежните сметки во домашниот платен промет ќе се користат во ИБАН-формат, со ознаката „МК07“ пред досегашниот број на сметката.

Промената е техничка и не значи отворање нови сметки, ниту бара граѓаните да одат во банка. Состојбата на сметките и средствата остануваат непроменети, а банките ќе ги приспособат системите за електронско и мобилно банкарство.

Со новиот систем ќе се воведат и стандардизирани платни налози и четиризнаковни ознаки за целта на плаќањето. Целта е усогласување со европските и меѓународните стандарди и поефикасна обработка на трансакциите.

ИЗДВОЕНИ