четврток, октомври 29, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Минималната бруто-плата во Хрватска ќе изнесува 1.130 евра

Минималната бруто-плата во Хрватска ќе изнесува 1.130 евра

11

Минималната бруто-плата во Хрватска од 1 јануари 2027 година ќе се зголеми од 1.050 на 1.130 евра, односно за 80 евра или 7,6 проценти, најави премиерот Андреј Пленковиќ.

Владата најави и компензација за работодавачите што исплаќаат минимална плата. Во првите три месеци од 2027 година, државата ќе ја покрива разликата од 80 евра месечно по работник, односно до 240 евра за тримесечниот период.

Ќе се зголеми и минималната студентска часовна плата, од 6,56 на 7,06 евра, додека цената на субвенционираниот студентски оброк останува 0,86 евра.

На консултациите со Владата, синдикатите и работодавачите се согласија дека платата треба да се зголеми, но не и за колку. Независните хрватски синдикати предложија минимална бруто-плата од 1.250 евра.

Според процените, работник во Загреб без деца и дополнителни даночни олеснувања би добивал околу 844 евра нето месечно, наспроти сегашните околу 799 евра. Тоа би значело зголемување од приближно 45 евра, зависно од даночните правила и од личните околности.

ИЗДВОЕНИ