Ново, застрашувачко свлечиште се случи во неделата, во провинцијата Мустанг во северниот дел на Непал. На вознемирувачката видеоснимка е фатен моментот кога се урива цела планинска падина, носејќи дрвја и објекти директно во реката Кали Гандаки, во близина на селото Лете. Буквално цела планина се сруши во реката, среде серијата разорни одрони и лавини што изминативе денови ја парализираа оваа азиска земја.
Обилните врнежи од дожд, кои од минатиот четврток ги погодуваат планинските предели на Непал, предизвикаа катастрофални поплави и одрони. Според официјалните податоци на Националната агенција за управување со катастрофи, животот го загубиле најмалку 21 лице.
NEW – Massive landslide hits Nepal, huge mountain collapses into river pic.twitter.com/8vNSzjT4ss
— Insider Paper (@TheInsiderPaper) September 28, 2026
Оваа најнова природна катастрофа се случува во момент кога Непал сè уште се обидува да закрепне од смртоносната поплава предизвикана од топење на глечер, во која загинаа повеќе од 1.450 луѓе. Повеќе од 6.000 лица се водат како исчезнати, додека спасувачките екипи вложуваат натчовечки напори за да ги извлечат телата на жртвите долж границата со Тибет.












