вторник, септември 29, 2026
Дома БАЛКАН Драма во Грција: Туристка итно пренесена во болница по каснување од опасната...

Драма во Грција: Туристка итно пренесена во болница по каснување од опасната „риба-зајак“

0

Британска туристка итно била пренесена во болница откако била касната од вид отровна риба-балон (pufferfish) – вид што претставува сè поголем проблем во овој дел од Европа. Жената била касната додека пливала во водите кај Каламаки на Закинтос, еден од најпопуларните грчки острови, по што морала да побара итна медицинска помош во приватна клиника.

Се верува дека виновникот е рибата со остри заби позната како „сребренообраза риба“ (silver-cheeked toadfish) – наречена и „риба-зајак“ – вид на риба-балон што се шири низ Средоземното Море.

Овој инвазивен вид е забележан низ цела Грција, што ги натера властите итно да постават големи заштитни бариери во морето за да ги држат рибите подалеку од капачите.

Поради забите налик на очници, способни да пробијат коска, дрво и метал, Грчкиот Црвен крст издаде итно предупредување во врска со овој агресивен инвазивен вид.

Покрај тоа што има силен и опасен загриз, месото и внатрешните органи на оваа риба се потенцијално смртоносни, тие содржат невротоксин наречен тетродотоксин, кој, доколку се внесе во организмот, може да предизвика откажување на срцето и белите дробови.

Иако вообичаено се среќава во Индискиот Океан, овој вид се проширил во Средоземното Море – како што се верува – следејќи ги потоплите води и пливајќи низ Суецкиот Канал од Црвеното Море.

Научниците ова ширење го припишуваат на климатските промени, кои доведоа до затоплување на водите и зголемување на соленоста на морето. Во јуни, на една постара Гркинка ѝ билo потребнo шиење на раната откако една од овие риби ненадејно ја нападнала во Варкиза, близу Атина.

Раната треба да се исчисти со сапун и вода и цврсто да се притисне со парче газа или чиста крпа пред да се побара стручна медицинска помош.

ИЗДВОЕНИ