четврток, ноември 26, 2026
Дома СВЕТ НОВ СУДИР НА ИНТЕРЕСИ ВО БРИСЕЛ: Германскиот канцелар бара помала потрошувачка

НОВ СУДИР НА ИНТЕРЕСИ ВО БРИСЕЛ: Германскиот канцелар бара помала потрошувачка

2
EPA/CLEMENS BILAN

Германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска во Брисел изјави дека сегашните предлози за долгорочниот буџет на Европската унија не претставуваат основа за постигнување договор и дека преговорите всушност допрва почнуваат.

Мерц истакна дека предложениот износ за седумгодишната буџетска рамка за периодот 2028–2034 година – наведен како 1,6 милијарди евра – е сè уште превисок, а земјите-членки мора да бидат во состојба да ги финансираат сите тие обврски, пренесува Ројтерс.

Според германските медиуми, германскиот канцелар посочил дека дури и најновиот компромисен предлог на претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста, не ги намалил доволно планираните трошоци, а Германија не е подготвена да прифати буџет што би претставувал дополнителен товар за нејзините национални финансии.

Германија се залага за помали вкупни трошоци, поголем фокус на конкурентноста и одбраната, како и за поправедна распределба на трошоците меѓу земјите-членки. Од друга страна, земјите што во голема мера зависат од европските фондови се обидуваат да спречат кратење на средствата наменети за земјоделството и регионалниот развој.

Следствено, преговорите претставуваат судир околу идните приоритети на ЕУ, а не само дебата за големината на буџетот, известува „Ханделсблат“.

Денеска во Брисел започна дводневен самит на лидерите на Европската унија, на кој ќе се разговара за повеќегодишниот буџет на Унијата за периодот 2028–2034 година – конкретно, за постигнување договор околу планот за трошење за тој временски период. Ова претставува тест за европското единство, со високи политички влогови за сите 27 земји-членки на ЕУ и вистински судир меѓу националните интереси и употребата на правото на вето.

ИЗДВОЕНИ