Општина Битола го објави јавниот повик за зимската приказна за пречекот на 2027 година.
Оттаму информираат дека целта на овој јавен повик е избор на субјекти што ќе учествуваат во организацијата и реализацијата на културните активности во пресрет на новогодишните празници и во збогатувањето на понудата на јавни содржини во Општина Битола по повод пречекот на новата 2027 година.
Право да аплицираат на јавниот повик имаат сите домашни правни и физички лица што работат во областа на културата и на културниот туризам, со доставување апликација потпишана со печат и скенирана електронски на и-мејл адресата [email protected] или во архивата на Општина Битола. шалтер број 3 (работно време од 7:30 до 15:30 часот).
Изборот на настаните ќе го изврши комисијата за селекција и евалуација формирана од градоначалникот.
Настаните ќе се реализираат во периодот од 21.12.2026 до 7.1.2027 година, а крајниот рок за доставување на апликациите е 2 декември 2026 година (среда), на и-мејл, до 23:59 часот или физички до 15:30 часот.












