вторник, септември 29, 2026
Дома СВЕТ НАТО ловците подигнати шест пати за една недела: Пресретнале руски авиони „Су-35“...

НАТО ловците подигнати шест пати за една недела: Пресретнале руски авиони „Су-35“ и „МиГ-31“ над Балтикот

0
EPA/SARAH SILBIGER

Борбени авиони кои учествуваат во мисијата на НАТО за воздушно патролирање над балтичките земји минатата недела беа подигнати шест пати за да ги идентификуваат и придружуваат руските воени авиони што ги прекршиле правилата за летање, соопшти денеска Министерството за одбрана на Литванија.

Министерството наведе дека на 21 септември борбени авиони на НАТО полетале за да пресретнат руски извидувачки авион „Ил-20“, објави Литванското национално радио и телевизија. Истиот ден, борбените авиони патролирале и во воздушниот простор во близина на летонско-белоруската граница, а на 22 септември биле подигнати за да идентификуваат два авиона „Су-30“.

Еден ден подоцна, борбените авиони пресретнале три авиона „МиГ-31“, еден патнички авион „Ту-134“, еден повеќенаменски ловец „Су-30СМ“ и три авиона „Су-30М2“. Авионите на НАТО исто така идентификувале еден „Су-35“, два „Су-30М2“ и руски извидувачки авион „Ил-20“. Беше соопштено дека на 26 септември борбените авиони пресретнале бомбардер „Су-24“. Сите руски авиони летале без планови за лет и со исклучени транспондери.

Мисијата на НАТО за воздушно патролирање над балтичките земји се спроведува од воздухопловни бази во Литванија и Естонија.

ИЗДВОЕНИ