недела, септември 27, 2026
Дома СКОПСКА Нова атмосферска канализација  на улицата „Волгоградска“

Нова атмосферска канализација  на улицата „Волгоградска“

100

Општина Карпош почна со поставување нова атмосферска канализација на улицата  „Волгоградска“ во населбата Карпош 4.

Притоа, објаснуваат дека е предвидено поставување атмосферска мрежа во должина од 60 метри, со што, како што велат, ќе се унапреди системот за одведување на атмосферските води и ќе се подобри функционалноста на инфраструктурата во овој дел од населбата.

Активностите се реализираат со средства обезбедени во буџетот на Општина Карпош, во рамките на инвестициите насочени кон подобрување и модернизација на комуналната инфраструктура.

Општина Карпош продолжува со реализацијата на проекти на своја територија, со цел создавање поквалитетни и пофункционални услови за живот на граѓаните.

 

ИЗДВОЕНИ