Циклонот Вајану, кој денес го погоди Северниот остров на Нов Зеланд, ја исклучи струјата на илјадници домови и принуди стотици луѓе да се евакуираат.
Вајану донесе разорни ветрови од над 130 километри на час, обилни дождови и големи бранови, соопшти националната метеоролошка служба МетСервис, пренесува Ројтерс.
Властите прогласија вонредна состојба во неколку региони и издадоа црвено предупредување за бурен ветер и екстремни временски услови.












