Најмалку 30 лица загинаа во стампедо во северен Хаити во саботата, соопштија властите, предупредувајќи дека бројот на жртви може да се зголеми.
Шефот на Цивилната заштита за северен Хаити, Жан-Анри Пети, изјави дека стампедото се случило во близина на тврдината Лафериер, тврдина од почетокот на 19 век изградена кратко откако Хаити доби независност од Франција, објави Ројтерс.
Пати рече дека дождот довел до зголемување на бројот на жртви од стампедото.
Тоа е една од најпопуларните туристички атракции на Хаити, а во саботата тврдината беше преполна со студенти и други посетители кои дојдоа да учествуваат на годишната прослава на местото на светското наследство на УНЕСКО.












