петок, септември 25, 2026
Дома СКОПСКА Нов  спортско – рекреативен центар во горната зона во Радишани

Нов  спортско – рекреативен центар во горната зона во Радишани

13

Во горната зона во Радишани е изгаден спортско-рекреативен центар.

Новиот спортски комплекс се протега на површина од 2.500 квадратни метри и содржи ново фудбалско игралиште со вештачка трева, кошаркарско игралиште, нови трибини и столчиња, нова метална ограда и лед осветлување.

Од Општината Бутел информираат дека истовремено е реконструирано и проширено детското игралиште и е поставена нова урбана опрема.

-Општина Бутел се менува. Локалната самоуправа инвестира и создава можности за редовно практикување на спорт на сите граѓани – нагласуваат општинските власти.

ИЗДВОЕНИ