четврток, август 20, 2026
Дома СКОПСКА Нов систем за полевање околу спортскиот терен „Никола Христовски-Кољо“

Нов систем за полевање околу спортскиот терен „Никола Христовски-Кољо“

2

Во тек се активности за поставување нов систем за полевање во Ново Лисиче, спроти паркот „Авионче“, околу спортскиот терен „Никола Христовски-Кољо“.

Од Општина Аеродром информираат дека овој простор првпат добива современ систем, со кој се обезбедуваат подобри услови за одржување на тревниците и на зелените површини.

– Системот ќе биде во должина од околу 2,5 километри и ќе опфаќа повеќе од 300 прскалки, со што ќе се овозможи редовно, рамномерно и поефикасно полевање на зеленилото – прецизираат од локалната самоуправа.

Притоа, додаваат дека овој простор е едно од омилените места за престој и рекреација на жителите на Ново Лисиче.

– Секојдневно го посетуваат голем број деца, родители и возрасни, а покрај спортското, тука се наоѓа и детско игралиште. Затоа грижата за овој простор и за неговото уредување имаат особено значење за сите генерации – децидни се од Општина Аеродром.

 

ИЗДВОЕНИ