четврток, ноември 26, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Охриѓанец си го запали станот во населба Даљан, осуммина соседи се во...

Охриѓанец си го запали станот во населба Даљан, осуммина соседи се во болница: Се огласи МВР

0

МВР информира дека денеска полициски службеници од полициската станица Охрид, од слобода го лишија Ц.Н.(55) од Охрид кој се сомничи дека предизвика пожар во неговиот стан лоциран на улицата „Гоце Делчев“ во охридската населба Даљан.

Со брза интервенција на полициските службеници, припадници на Територијалната противпожарна единица од Охрид и медицински екипи, извршена е евакуација на повеќе жители од зградата, а со возила на Итната медицинска помош, во Општа болница префрлени се осум лица кои имале повреди и биле со потешкотии при дишењето.

Во координација со други служби, СВР Охрид презема дополнителни мерки за поддршка на станарите и смирување на состојбата, а по целосно документирање на настанот, против Ц.Н. ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „Предизвикување општа опасност”.

Во официјалното полициско соопштение засега нема дополнителни информации за начинот на кој бил предизвикан пожарот.

ИЗДВОЕНИ