четврток, август 20, 2026
Дома БАЛКАН Вучиќ планира да го смени текот на Ибар за да му наштети...

Вучиќ планира да го смени текот на Ибар за да му наштети на Косово поради притисокот врз српската заедница

35

Притисокот врз српската заедница на Косово и мерките на Приштина предизвикаа незадоволство во Белград, а како еден од одговорите, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ја спомена можноста за промена на текот на реката Ибар.

– Ќе видиме што ќе прават Албанците и како ќе се однесуваат – рече тој.

Водоводниот систем Ибар-Лепенец е од стратешко значење за снабдувањето со вода за пиење на Косово, за неговото земјоделство и за производството на енергија.

Експертите во Србија предупредуваат дека ова е епски потфат што може да трае со децении, ќе бара огромни суми пари, а пренасочувањето на природниот тек на реката низ карпестиот и планински терен на Динарските Планини ќе бара обемни земјени работи, тунели и брани, пишува „Дојче веле“. Таквата интервенција би се заканила и со еколошка катастрофа во целото сливно подрачје. Пензионираниот професор по хидротехника и хидрологија, Јован Деспотовиќ, изјави за „Фо нет“ дека изјавите на српскиот претседател, Александар Вучиќ, за промена на текот на реката Ибар „се како одење во сон и дека тоа е проект што е невозможно да се реализира за кратко време без да се урнат ридови и планини, а не е ни можно според европските прописи“.

 

ИЗДВОЕНИ