вторник, септември 15, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Нов голем успех на македонскиот генијалец: Македон Димитровски е примен на Програмата...

Нов голем успех на македонскиот генијалец: Македон Димитровски е примен на Програмата за талентирани млади при Универзитетот „Џонс Хопкинс“ во САД

1
Фото: Фејсбук Vladimir Makedon Dimitrovski

Македонскиот млад генијалец Македон Димитровски продолжува да ниже успеси на меѓународната сцена. По бројните награди и признанија што ги освои досега, тој го постигна и едно од своите најзначајни достигнувања – прием на престижна програма на Универзитетот „Џонс Хопкинс“ во САД.

Веста ја сподели неговиот татко, Владимир Димитровски, кој информираше дека Македон е примен на програма наменета за ученици со исклучителни академски способности од целиот свет.

Приемот на оваа престижна образовна програма претставува уште едно потврдување на неговиот исклучителен талент, знаење и посветеност. Учеството ќе му овозможи да стекне нови знаења, да работи со врвни академски кадри и да се поврзе со други исклучително успешни млади луѓе од различни делови на светот. За Македон, кој во изминатиот период привлече внимание со своите успеси и освоени награди, ова е уште еден значаен чекор во неговиот образовен и академски развој.

ИЗДВОЕНИ