петок, ноември 6, 2026
Дома СКОПСКА Нов фризерско-козметички салон за учениците од „Димитар Влахов“

Нов фризерско-козметички салон за учениците од „Димитар Влахов“

12

Денеска беше пуштен во употреба современо опремен фризерско-козметички кабинет наменет за средното училиште „Димитар Влахов“.

Од Град Скопје информираат дека кабинетот, кој се наоѓа на булеварот ,,Партизански одреди” во Лептокарија, располага со шест фризерски работни места, две берберски, две позиции за шминкање, како и опрема за маникир и козметички третмани.

– Тука учениците ќе вежбаат едни на други, ќе ги совладуваат фризерските техники, ќе користат професионална опрема и ќе учат како се гради доверба со клиентот. Особено значајно е што во рамките на практичната настава ќе можат да им нудат услуги по субвенционирани цени на учениците од другите средни училишта. Така, практичната работа добива уште поголема вредност, а младите добиваат дополнителен мотив да го изберат стручното образование и да ја препознаат својата иднина во него – истакна скопскиот градоначалник, Орце Ѓорѓиевски.

ИЗДВОЕНИ