Откако жителите на Крагуевац, Јагодина, Ќуприја, Лапово, Баточина и околните места пријавија две силни детонации проследени со потреси на тлото, на социјалните мрежи се појави снимка од безбедносна камера – на која, наводно, се гледа моментот на една од експлозиите што денес ги вознемири жителите на централна Србија.
Инстаграм-страницата „192_rs“ објави снимка од безбедносна камера, тврдејќи дека на неа е фатен моментот на детонацијата што го потресе регионот на Шумадија.
Жителите на неколку градови и населени места низ централна Србија пријавија дека слушнале два силни звука, еден по друг. Некои граѓани почувствувале како тлото се тресе, а во одредени згради се треселе прозорците.
View this post on Instagram
Причината за силните експлозии сè уште не е официјално потврдена.
Според информациите споделени на Инстаграм-страницата „192_rs“, можни објаснувања се „звучен удар“, предизвикан од воен авион што прелетувал над областа, или пак, контролирана експлозија во некој од блиските каменоломи.
Сепак, овие информации не се официјално потврдени, па затоа сè уште не е јасно што точно ги предизвикало детонациите што ги вознемирија жителите во регионите на Шумадија и Поморавље.
До овој момент, нема официјално објаснување од надлежните органи во врска со потеклото на овие силни звуци.












