Вчера во 09:50 часот во Полициската станица Кисела Вода полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Љ.С.(36) од Скопје.
Според полициското соопштение, 36-годишникот бил уапсен по претходна пријава од 29-годишна жена дека истиот ѝ се заканувал дека ќе испрати нејзини слики со експлицитна содржина на членови од нејзиното семејство доколку не му даде пари и има сексуален однос со него.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.












