петок, ноември 6, 2026
Дома СКОПСКА Живинице засади свое дрво кај улицата „Бледски договор“

Живинице засади свое дрво кај улицата „Бледски договор“

1

По повод одбележувањето на 50-годишниот јубилеј на Општина Карпош, делегациите од збратимените општини го посетија зелениот појас на улицата „Бледски договор“, каде што пред три години засадија дрвја како симбол на пријателството, партнерството и заедничката грижа за животната средина.

Овој пат, свој белег во зелената  приказна на Карпош остави и Општина Живинице од Босна и Херцеговина, која како пријателска општина засади свое прво дрво, приклучувајќи се кон иницијативата за уредување и раззеленување на јавните површини.

– Дрворедот го сочинуваат 12 висококвалитетни листопадни и зимзелени дрвја, кои денес претставуваат жив потсетник на воспоставените пријателства и континуираната меѓуопштинска соработка. Оваа симболична иницијатива уште еднаш потврдува дека соработката меѓу општините не се гради само преку заеднички проекти и активности туку и преку конкретни дела кои оставаат трајни вредности за идните генерации – соопштија од Општина Карпош.

 

ИЗДВОЕНИ