четврток, јуни 18, 2026
Дома СКОПСКА Нов асфалт за улицата „Симеон Кавраков“ во Мичурин

Нов асфалт за улицата „Симеон Кавраков“ во Мичурин

1

Во населбата Мичурин, во тек е асфалтирање на коловозот на улицата „Симеон Кавракиров“.Улицата е долга 485 метри и претставува важна сообраќајна врска за жителите на населбата.

Од Општина Аеродорм информираат дека во рамки на реконструкцијата се реализираат: 3.950 квадратни метри нов асфалт, 2.305 квадартни метри нови тротоари со бехатон-плочки, како и нови ниски рабници за поголема безбедност и функционалност.

-Со овој проект добиваме побезбедна, поуредена и помодерна улица, а жителите,  подобри услови за секојдневно движење и поквалитетен живот – потенцираат од локалната самоуправа.

Вредноста на инвестицијата е 22.630.000 денари.

ИЗДВОЕНИ